Дијалектен збор - категорија

макало повеќе

макалото
Вид збор: Именка, среден род
Изгмечен лук со масло и сол, што се користи за макање.
Англиски: dip Албански: dip, lëng

марлив повеќе

марливиот
Вид збор: Придавка
работлив, вреден
Англиски: diligent

матракука повеќе

мн. матракуки
Вид збор: Именка, женски род
Дребулија, ситница за која не се знае за што служи.
Англиски: trifle
Примери:
Објасни ми, каде се наоѓа таа матракука?

мачетрева повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
валеријана
Англиски: valerian

машна повеќе

мн. машни
Вид збор: Именка, женски род
кравата, вратоврска
Англиски: necktie Српски: машна
Примери:
портокалова машна

маштаб повеќе

Вид збор: Именка, машки род
мера, размер
Англиски: scale Германски: Maßstab
Примери:
олигарси од светски маштаб

меандра повеќе

Види и: меандер (м.)
мн. меандри
Вид збор: Именка, женски род
меандер
Англиски: meander Албански: gjarpërim

меѓусебно повеќе

Вид збор: Прилог
меѓусебен
Примери:
Се почитуваа меѓусебно.

мекам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мелодија
Англиски: makam Турски: makam

мекамлиски повеќе

Види и: мекам (м.)
мекамлискиот
Вид збор: Придавка
мелодичен
Англиски: melodious
Примери:
Тоа значеше дека ќе има многу смеење, многу дух, многу мекамлиски и, пред сè, интересен муабет.

месечница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Периодично (обично четиринеделно), крвавење на матката, при неоплодена јајна ќелија. Месечно крвавење.
Англиски: menstruation

местимично повеќе

Вид збор: Прилог
на некои места
Англиски: in places Српски: местимично
Примери:
Местимично ќе врне дожд.

месчинка повеќе

Види и: удина (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
удина
Англиски: fillet

меќава повеќе

мн. меќави
Вид збор: Именка, женски род
Силно невреме, ветер со снег.
Англиски: snowstorm Српски: међава
Примери:
Не се плашеше ни од мраз ни од меќава.

мигдал повеќе

мн. мигдали
Вид збор: Именка, машки род
бадем
Англиски: almond Албански: bajame

митра повеќе

мн. митри
Вид збор: Именка, женски род
матка, материца
Англиски: womb Албански: mitër

младеж повеќе

младежот
Вид збор: Именка, машки род
(мн. младежи) бенка
Англиски: spot Албански: leze, lyth

млазњак повеќе

мн. млазњаци
Вид збор: Именка, машки род
Авион на млазен погон.
Англиски: jet plane

млати повеќе

млатат
Вид збор: Глагол, несвршен
удира, тепа, бие
Англиски: trash Српски: млатити

млин повеќе

мн. млинови
Вид збор: Именка, машки род
мелница
Англиски: mill
Примери:
Млин Балкан

мраќава повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мрак, темнина.
Примери:
Се живо се морничави во мраќавата.

мрачева повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Темнина.

мрест повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Рибини јајца, икра.
Англиски: roe Албански: ikra, vezë peshku

мува повеќе

мн. муви
Вид збор: Именка, женски род
Пчела, назив за одделен инсект.
Англиски: bee Албански: emër për insekt të caktuar

мумуруз повеќе

мн. мумурузи
Вид збор: Именка, машки род
пченка, царевка
Англиски: corn Албански: misër

мумурузен повеќе

мумурузниот
Вид збор: Придавка
пченкарен, царевен

мумурузница повеќе

мн. мумурузници
Вид збор: Именка, женски род
Леб направен од пченкарно брашно.
Англиски: corn bread Албански: bukë misri
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш